недела, 21 јули 2024

Возови во Индија повторно сообраќаат на местото на тешката несреќа, поминуваат покрај остатоците од вагоните

Објавено на

часот

Сподели

Возовите денеска минуваат покрај остатоците од вагоните од несреќата што се случи во петокот вечерта во близина на градот Баласоре во источната индиска држава Одиша. Во несреќата животот го загубија најмалку 275 луѓе, а неколку стотици се повредени.

Официјалните лица првично зборуваа за 288 загинати, но владата на Одиша подоцна го намали бројот на 275, бидејќи, како што рече, неколку тела по грешка биле избројани двапати.

Од 1.175 повредени, 382 сѐ уште се во болници, соопштија властите. Многумина стравуваат дека бројот на загинати може да се зголеми бидејќи болничките центри се преполни со оние во критична состојба.

Од двете страни на пругите е поставена зелена мрежа за да ги заштити остатоците од погледот на минувачите. Министерот за железници Ашвини Ваишнав беше на лице место кога првиот воз помина покрај местото на несреќата доцна во неделата.

Министерството за железници соопшти дека на тој пат поминал првиот воз кој превезувал јаглен 51 час по судирот. Засега не се знае дали шините се целосно санирани, бидејќи возовите денеска се движеа само од едната страна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ