понеделник, 21 октомври 2024

Возот од Битола утрово стигнал навреме во Велес – во Македонија и тоа е вест!

Едиствениот воз на ден што Битола ја поврзува со Скопје, а кој тргнува нешто по 3 часот по полноќ, во Велес пристигнал на време, според возниот ред и, види чудо, и навреме тргнал кон Скопје. Во Македонија е вест и кога воз ќе пристигне според возниот ред! А одамна не е вест дека возот доцнел 7 часа, како што тоа се случи вчера, токму со истиот воз на релацијата Битола – Прилеп – Богомила – Велес – Скопје. Двеста километри за 3 часа плус 7 доцнење, тоа е еднакво на 10 часа патување. Колку до Загреб, кога би се имало меѓународен воз, каков што одамна нема ниту еден Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Патниците од Богомила и останатите населени места во Азот и од Велес утринава имаа воз навреме, за разлика од вчера кога тој доцнеше седум часа, јави МИА денеска од Велес.

„Возот Битола-Прилеп-Велес утринава од Железничката станица во Битола тргна според возен ред во 3.10 часот, а во Велес од железничката станица пристигна и тргна според возен во 5.46 часот и продолжи кон Скопје“, објави МИА.

Патниците од Велес, кои редовно патуваат за Скопје, вчера беа револтирани поради повеќечасовното доцнење на единствениот воз на релација Битола-Прилеп преку Велес за Скопје. Поради запалени прагови на пругата на релација Слепче – Браилово, тој вчера доцнеше седум часа. Наместо во 5.46 часот, вчера на велешката Железничка станица пристигна во 12.30 часот, се вели во веста.

Како што информираа од Железничката станица во Велес, доцнењето било поради запалени прагови на пругата, а екипи на МЖ работеа на поставување на дваесетина нови прагови.

Посебно беа револтирани жителите од селото Богомила и останатите села во реонот на Азот, како Согле, Теово и Бистрица, на кои овој воз им е единствената врска со останатите населени места, а кои со овој воз одат на работа, на лекар и за други потреби за Велес и Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ