вторник, 22 октомври 2024

Возачот што го однесе Палчо во Турција излезе од притвор и ќе се брани од слобода

По предлог на надлежниот обвинител за укинување на мерката притвор за С.Д. и определување мерки за претпазливост, судија на претходна постапка му определи мерки, забрана за напуштање живеалиште и престојувалиште, одземање патна исправа, обврска за јавување во суд и одземање односно забрана за користење возачка дозвола, информираа денеска од Основниот кривичен суд Скопје. Од Јавното обвинителство велат дека побарале укинување на оваа мерка затоа што за кривичното дело за кое е осомничен возачот на Палевски може да биде изречен притовр од најмногу три месеци.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„По предлог на надлежниот обвинител за укинување мерка притвор за С.Д. и определување мерки за претпазливост, судија на претходна постапка му определи мерки, забрана за напуштање живеалиште/престокувалиште, одземање пстна исправа, обврска за јавување во суд и одземање односно забрана за користење возачка дозвола“, информираа од Основниот кривичен суд Скопје.

Од Јавното обвинителство велат дека побарале укинување на оваа мерка затоа што за кривичното дело за кое е осомничен возачот на Палевски може да биде изречен притовр од најмногу три месеци.

„Со оглед на кривичното дело за кое е осомничено лицето и запретената затворска казна, максималното законски возможно траење на притворот за овој осомничен е три месеци. По истекот на тој рок, притворската мерка за осомничениот е заменета со соодветни мерки на претпазливост“,  соопштија од Обвинителството.

Возачот што го однесе Палевски во Турција беше во притвор од 7 декември 2023 година. Тој сега ќе се брани од слобода, а осомничен е дека му помогнал на Палевски да избега од Македонија, откако тој, според сомнежите на истрагата, го извршил двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во ноември 2023 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ