Како што соопштија од СВР Струмица, во сообраќајна несреќа учествувале товарно возило марка ман со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(35) од село Селемли, општина Богданци и товарно возило марка ивеко со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.А.(26) од село Стојаково, исто така од Општина Богданци.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Ј., кој на пат кон Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ им подлегнал на повредите, а смрт констатирал лекар. Другиот возач, С.А., се здобил со телесни повреди, констатирани во Општата болница Гевгелија“, стои во соопштението на СВР Струмица.
На местото на несреќата увид извршила екипа од ОВР Гевгелија.