Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува и во западните делови ќе има врнежи од дожд. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец, наместа со брзина над 70 km/h. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 23 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 21 степен.