Таа во разговор за Танјуг истакна дека на тој факт „влијаат билатералните односи кои Србија ги има со тие земји“.
„Девизниот прилив од туризмот во минатата година во Србија изнесувал 2,52 милиони евра. Во Србија во 2024 имало 2,4 милиони странски туристи, и 12,6 милиони ноќевања“, истакна Лабовиќ.
Таа додава дека најмногу ги посетуваат градовите, а пред сè Белград.
„Странските туристи во Србија најмногу ги посетуваат градовите, меѓу кои на прво место е Белград, во кој се реализирале повеќе од три милиони ноќевања. Голем број туристи оделе и во Суботица, Копаоник, Златибор, Врњачка Бања и Сокобања“, заклучи Лабовиќ.