понеделник, 21 октомври 2024

Во Србија гореше болница, десетици деца и пациенти се евакуирани (ВИДЕО)

Пожарот што синоќа избувна во Специјализираната болница за болести на тироидната жлезда и метаболички болести „Чигота Златибор“ беше локализиран дури изутринава, а ги принуди спасувачите да евакуираат околу сто пациенти, меѓу кои и триесетина деца, јави Радиотелевизија Србија.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Пожарот, чија причина сѐ уште не е позната, ги зафати покривот и горниот кат на болницата во зимскиот туристички центар на планината Златибор, при што се евакуирани вкупно 114 пациенти.

Директорот на Специјалната болница Александар Симиќ изјави дека сите неподвижни и други пациенти се евакуирани и сместени во околните хотели.

Според репортер на Н1, пожарот избувнал со неверојатна брзина. Можел да се види и од центарот на Златибор, бидејќи Чигота се наоѓа на доста висока надморска височина, каде дувал студен ветер и не им помагал на пожарникарите.

На некои места сѐ уште има чад, а на самата зграда се уште има пожарникари, кои велат дека остануваат да следат што се случува.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ