петок, 18 октомври 2024

Во Шангај, најстудената зима во последните 40 години. „Оваа година не е нормална“

Шангај ќе го забележи најстудениот декември во последните четири децении, што ги натера властите да издадат предупредувања за ниски температури и ветер.

Објавено на

часот

Сподели

Најниските температури во центарот на Шангај ќе се движат од минус 4 до минус 6 Целзиусови степени, додека во предградијата температурата цел ден ќе се задржи под нулата, соопшти Шангајското метеоролошки биро.

59-годишната Ванг Кајун, чистачка која патува од предградие до центарот на Шангај, рече дека температурата утрово била минус 5 додека одела на работа.

„Носев ракавици, но набрзо го изгубив чувството во рацете. Сè уште ме болат“, изјави чистачката за Ројтерс.

Метеоролошкиот завод на градот соопшти дека очекува минималната температура на мерна станица во центарот на Шангај да остане под нулата пет последователни дена до 25 декември. Ваква студена зима Шангај не доживеал во последните 40 години.

„Оваа година не е нормална. Оваа година е многу студена, а минатата година не беше толку студена“, рече Ли, 68-годишен жител на Шангај.

Невообичаено студеното време, предизвикано од силниот бран студен воздух од Сибир, се прошири низ Кина од средината на минатата недела. Во тоа време, многу северни покраини забележаа рекорди во декември, бидејќи во некои градови беа измерени минус 30 степени Целзиусови.

Континуираните услови под нулата во Кина се очекува да попуштат од петок, а температурите ќе се вратат на историските просеци следната недела, според националните синоптичари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ