„Во текот на вежбата ќе бидат разработени прашањата на заедничката обука на единиците на оружените сили на Руската Федерација и Република Белорусија за борбена употреба на нестратегиското нуклеарно вооружување“, соопшти руското министерство, а пренесува РИА Новости.
Во соопштението се истакнува дека целта на маневрите е одржување на спремноста на персоналот и опремата на единиците за борбена употреба на нестратегиското нуклеарно вооружување на двете земји, за обезбедување на суверенитетот и територијалниот интегритет на сојузот на Русија и Белорусија.
Министерството за одбрана на Белорусија вчера соопшти дека таа земја ќе учествува во новата фаза на вежбата на нуклеарните сили со Русија.