сабота, 19 октомври 2024

Во Полска осамнаа плакати во кои се повикува на приклучување на Вагнер групата (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Членот на градската управа на Краков Лукаш Вантух го објави тоа на Фејсбук.

„Постерите кои повикуваат на приклучување на групата Вагнер се појавија во Краков. Тоа е начин на провокација, а не се случи само во Краков“, кажа тој.

Плакатите на кои пишува „Ние сме тука. Придружи ни се“ повикуваат, на англиски јазик, приклучување на Вагнер, а кју-ар кодот кој стои под повикот води кон страница на руски јазик.

Полскиот весник Газета краковска извести дека Бартоломеј Издебски, краковски полицаец, изјавил дека полицијата добила дојава за два такви постери.

„Собираме изјави, фотографии и истражуваме“, кажа тој.

Полицијата одвоено објави соопштение во кое се наведува дека полицајците нашле такви повици на повеќе локации низ градот, откако добиле дојава за првиот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ