петок, 18 октомври 2024
По повод Денот на македонскиот јазик

Во Паркот на поезијата се читаа извадоци од дела на македонски автори

Објавено на

часот

Сподели

Во рамките на програмата, како што соопшти СВП, биле прочитани фрагменти од книжевни дела што ја отсликуваат генезата и развојот на македонскиот јазик од почетоците до современиот миг.

с

„Во уметничка интерпретација на членовите на драмското студио ‘Миладин’ – Ристе Миладин, раководител на студиото и директен потомок по машка линија на Димитрија Миладинов, како и Ива Шајноска и Милан Блажески, беа прочитани извадоци од делата на Кирил Пејчиновиќ, Јордан Хаџи Константинов Џинот, извадоци од Зборникот на браќата Миладиновци, извадоци од делата на Марко Цепенков, Крсте Мисирков, Ристо Крле, Славко Јаневски, Владо Малески, Блаже Конески, Ацо Шопов, Гане Тодоровски, Анте Поповски, Матеја Матевски, Петре М. Андреевски, Радован Павловски, Богомил Ѓузел, Светлана Христова Јоциќ“, соопшти СВП.

Во најавата, како што е наведено, беше истакнато дека Овие извадоци, иако се фрагменти од некои од најзначајните дела напишани на македонски јазик, се само мал дел од богатото творештво и дека извадоците се претежно поетски фрагменти, бидејќи поезијата е највисок израз на духот на јазикот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ