недела, 20 октомври 2024

Во неколку белградски училишта пристигнаа дојави за бомби, наставата е одложена

Објавено на

часот

Сподели

Родителите на децата кои посетуваат настава во ова училиште утринава добиле порака да не ги носат децата на настава поради дојава за бомба. На терен е испратена екипа на МВР, пишува споменатиот портал.

Според првите информации, дојави за подметнати експлозивни направи биле испратени на имејл адресите на 78 основни и 37 средни училишта во белградските општини, соопшти Министерството за образование.

„Екипи на МВР се на терен, учениците и вработените се евакуирани. Заради безбедноста на учениците и вработените, наставата во прва смена беше прекината до завршување на полициската проверка, а некои училишта веќе се проверени и наставата се одвива без проблеми. Училиштата ќе ги информираат учениците и нивните родители за сите релевантни информации за часовите преку редовни канали за комуникација“, стои во соопштението, јави Телеграф.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ