Жирона и Атлетико Мадрид одиграа спектакуларен натпревар со идеален финиш за домаќините.
Резултатот беше отворен уште во втората минута кога Валери погоди за водство на Жирона од 1-0, а израмнувањето стигна во 14. минута кога Мората погоди за 1-1.
Следуваа два гола на домаќините, најпрво Савио го врати водството во 26. минута, а во 39. минута Блинд погоди за предност и од 3-1.
Пет минути подоцна Мората намали на 3-2, до крајот на полувремето тој постигна уште еден гол, но му беше поништен поради офсајд.
По девет минути игра во вториот дел Мората постигна нов гол, негов хет-трик за израмнување на 3-3.
Се чинеше дека така и ќе заврши мечот, но во 91. минута Мартин даде гол за победа на Жирона од 4-3.
По 19 одиграни кола Реал Мадрид и Жирона имаат по 48 бодови, Атлетико Мадрид има 38 колку што и Барселона, но Каталонците имаат натпревар помалку, утре му гостуваат на Лас Палмас.