Челси тргна одлично, поведе со гол на Мудрик уште во осмата минута од натпреварот. Но осум минути подоцна Боли изедначи на 1-1.
Тој резултат беше актуелен до 75. минута кога поранешниот играч на Челси, Хадсон-Одои постигна гол за водство на Нотингем форест од 2-1.
Челси брзо изедначи, во 80. минута гол даде Стерлинг за израмнување на 2-2, а две минути подоцна погоди и Џексон за комплетен пресврт и победа на сините од 3-2.