понеделник, 3 февруари 2025

Во Куманово продолжи судењето на градоначалникот Димитриевски за градскиот ДУП

Во Основниот суд Куманово денеска продолжи рочиштето во кое обвинет за „злоупотреба на служена положба и овластување“ е кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, по пријава поднесена од кумановски градежни фирми за случајот за недобивање дозволи за градење згради во Куманово.

Објавено на

часот

Сподели

На денешното рочиште на предлог на одбраната на Димитриевски беше сослушано вешто лице која подготвила градежно вештачење за Дуп-от во урбаниот дел 48 помеѓу „Трета МУБ“ и улиците „Перо Чичо“, „Миле Кипра“ и „Прва петолетка“.

Вештото лице остана на подготвеното мислење, укажувајќи дека за секое барање поднесено во системот зa дозволи, Општината може да се произнесе негативно за некомплетна документација, доколку не е во согласност со законот и важечкиот ДУП за локацијата, нагласувајќи дека овој случај има суспензија на ДУП поради реакцијата на Гимназијата „Гоце Делчев“ и Здравствен дом-Школска амбуланта. Таа нагласи дека има трошоци при поднесување на барањето, за електрика, статика, во зависност од планираниот објект.

Согласно Законот за локална самоуправа, како што рече вештото лице, градоначалникот прибавува стручно мислење од комисија за урбанизам и од професор во кое е наведено дека се прави штета по јавниот интерес. На рочиштето, вештото лице посочи дека немало повреда на право на компаниите.

Одговарајќи на прашања на обвинителката и на адвокатите на компаниите, вештото лице кажа дека законскиот рок за подготовка на пресметката за комуналии е два дена. Адвокатите алудираа дека општината ја издала дури по два месеци и сè до донесувањето на одлуката за суспензија, важечкиот ДУП е на сила.

На претходните рочишта кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски кажа дека не се чуствува виновен и дека ги штити интересите на кумановци, додавајќи дека градбата предизвикува штета на детскиот диспзнер и на гимназијата.

Сопствениците на компаниите Бобан Спасовски и Емил Георгиевски сметаат дека се оштетени со одлуката за суспензија на ДУП-от за парцелата и побаруваат над 3, 3 милиони денари. Две градежни компании од Куманово „УПМ-ГРУП“ ДООЕЛ и „ХРОМАК Емил“ ДООЕЛ, сметаат дека Димитриевски ја злоупотребил функцијата градоначалник и ги оштетил, бидејќи истиот состав на советот на општината и градоначалникот во 2021 изгласале ДУП во кој сакале да вложат двајцата инвеститори. Подоцна истиот совет, на предлог на градоначалникот донел нова одлука за суспензија на ДУП-от кој се однесува на парцела во близина на гимназијата и школската амбуланта.

На наредното рочиште ќе биде сослушано вешто лице. Судењето е закажано во втората половина на февруари.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ