сабота, 19 октомври 2024

Во Куманово и Делчево откриени случаи на криумчарење мигранти

Во два одвоени случаи полициски службеници од Куманово и Делчево вчера открија случаи на криумчарење мигранти при што три лица биле лишени од слобода поради сомневање за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

Објавено на

часот

Сподели

Во првиот случај вчера во 10,40 часот во Делчево пред правен субјект на булевар „Македонија“ полициски службеници од ПО за БПС Делчево лишени од слобода се лицата Л.П. (22) и К.Ѓ. (23), двајцата од Делечево кои со две патнички моторни возила превезувале шест мигранти (тројца од Мароко и тројца од Тунис). За настанот бил известен надлежен ЈО од ОЈО за ГОКК Скопје.
Во вториот случај во 12,30 часот на бензинска пумпа во Куманово во товарно моторно возило марка „даф“ со приколка со национална ознака на Србија, управувано од Н.Ф.(43) од Србија од страна на полициски службеници од ОПКМСР-Куманово биле откриени четири лица мигранти – две од Индија и по едно од Сиера Леоне и од Сирија, по што за настанот бил запознат ЈО од ОЈО за ГОКК-Скопје, и согласно насоките на надлежното обвинителство се работи на расчистување и на овој случај.
 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ