среда, 12 февруари 2025

Во координирана акција на БЈБ и Царината пресечен канал за шверц на дрога

Бирото за јавна безбедност (БЈБ) и Царинската управа во заедничка акција синоќа фатиле поголема количина на дрога на граничниот премин Богородица, дознава МКД.мк.

Објавено на

часот

Сподели

Според нашите неофицијални информации БЈБ и Царината координирано пресекле канал на шверц на дрога.

Од синоќа на граничниот премин Богородица службеници на Царината и полицијата активно претресуваат камион со македонски регистарски таблички натоварен со рециклирана отпадна хартија. Според информациите на МКД.мк, камионот влегол од Косово во Македонија, а требало да оди за Грција. Неофицијално, се претпоставува дека крајна дестинација на дрогата била Турција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ