Овој вид ретко се гледа, најчесто кога ќе умре и морето ќе го исфрли по бура на брегот, пренесува Гардијан.
Роберт Хејс, кој бил на плажа во Калифорнија со својата сопруга, снимил долга, рамна, треперлива риба штом ја видел во водата.
Како што раскажал, иако никогаш претходно не ја видел, веднаш го препознал видот, кој често се нарекува „риба на судниот ден“, бидејќи, според народното верување, може да предвиди природни катастрофи.
Според Хејс, рибата изгледала повредена и била однесена кај морски биолог.
Примерокот што беше виден овој пат беше релативно мал, бидејќи овој вид достигнува просечна должина од над три метри.
A deep-sea creature rarely seen by humans called the oarfish has washed ashore in Mexico!
Legend has it that this mysterious “doomsday fish” only emerges from the ocean’s depths when disaster is near 👀
pic.twitter.com/NciJ7jbEbo— FearBuck (@FearedBuck) February 18, 2025
Најдолгата појасовка некогаш видена била долга 11 метри, покажуваат податоците на Природонаучниот музеј на Флорида.
Овој вид риба е забележан во водите на Калифорнија три пати во текот на изминатата година, а научниците ја припишуваат нејзината се почеста појава на променливите услови во океаните.
Според јапонскиот фолклор, појасовката се смета за предвесник на судниот ден, иако историчарите ја оспоруваат теоријата дека може да предвиди земјотреси.
Оваа идеја повторно стана актуелна откако на јапонските плажи беа пронајдени околу 20 појасовки по разорниот земјотрес во 2011 година, пренесува Гардијан.
Меѓутоа, во 2019 година јапонските истражувачи спроведоа студија која утврди дека нема врска помеѓу појавата на овој вид риба и земјотресите.