среда, 26 февруари 2025

Во Хрватска 45 отсто од граѓаните тешко ги намируваат основните трошоци

Во Хрватска дури 45 отсто од граѓаните имаат потешкотии да ги намират основните трошоци за живот, што ја става земјата меѓу земјите на Европската Унија (ЕУ) со најлоша финансиска состојба за населението, покажува најновото истражување на Еурофонд.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Само Грците, наводно, се во полоша позиција, па дури 55 отсто од испитаниците изјавиле дека едвај „крпат крај со крај“, пренесува Независне новине.

Меѓу земјите каде што голем дел од населението чувствува силен финансиски притисок се Литванија и Естонија, по 41 отсто, Унгарија и Кипар 40 отсто, додека просекот на ЕУ е 32 отсто.

Од друга страна, најдобри услови имаат жителите на Луксембург, каде што само 17 отсто од граѓаните пријавуваат финансиски тешкотии, додека Германија, Холандија и Австрија се исто така меѓу земјите со помал удел на оние што се мачат да ги покријат основните трошоци.

ХРТ забележува дека овие податоци доаѓаат во време кога во Хрватска интензивно се разговара за зголемените трошоци за живот, инфлацијата и проблемите со куповната моќ на граѓаните, а експертите предупредуваат дека се потребни сериозни мерки за подобрување на финансиската сигурност на голем дел од населението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ