среда, 23 октомври 2024

Во Грција во контејнер со банани е запленет кокаин вреден милион евра

Грчките власти заплениле кокаин вреден повеќе од милион евра, кој бил скриен во контејнер со банани, соопшти денеска крајбрежната стража.

Илустрација: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Дрогата, запленета од брод во пристаништето Пиреја во понеделникот, е пронајдена со помош на единицата за внатрешна безбедност на американската амбасада во Атина, се додава во соопштението на крајбрежната стража.

Властите пронајдоа околу 35 килограми кокаин во 30 пакувања скриени во системот за ладење на контејнерот кој бил наполнет со пратка банани од Еквадор, пренесува Ројтерс.

Производството на кокаин во Јужна Америка е зголемено во изминатава деценија, при што балканските шверцери помогнале Европа да се претвори во најголемиот светски пазар за оваа дрога.

Грчките власти во мај објавија дека разбиле меѓународна криминална група која шверцувала кокаин, транспортирајќи го во контејнери од Латинска Америка во Европа.

Неколку дена подоцна заплениле повеќе од 109 килограми кокаин сокриени во контејнер со замрзнати лигњи на друг брод во пристаништето Пиреја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ