понеделник, 21 октомври 2024

Во голем пожар во ирански центар за рехабилитација од опиум загинаа најмалку 32 лица

Најмалку 32 лица загинаа, а 16 се повредени во голем пожар во центар за одвикнување од зависности во северен Иран, објавија денеска иранските медиуми.

Објавено на

часот

Сподели

Полицијата ги истражува причините за пожарот во кампот за рехабилитација од опиум во Лангаруд во провинцијата Гилан на Каспиското Море, објави иранската новинска агенција Мехр.

Судската новинска агенција Мизан соопшти дека раководителите и службениците на центарот се под истрага.

Според Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал, Иран го има еден од најтешките проблеми со зависности во светот. Се наоѓа на главната рута на шверц на опиум и хероин од Авганистан во Западна Европа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ