Централата се наоѓа во близина на главниот град на Украина, Киев, и произведува околу 57 отсто од енергијата за снабдување на Киевската област со струја. Рускиот ракетен напад бил извршен рано утринава со ракети и дронови, а целта на руските сили била украинската енергетска инфраструктура.
‼️🇷🇺🚀🇺🇦💥 Another video of the Tripolskaya Power Plant that was hit this morning in the Kiev region. #Ukraine pic.twitter.com/xNgaBqzmxq
— Maimunka News (@MaimunkaNews) April 11, 2024
Центренерго, компанијата која управува со термоцентралата, соопшти дека објектот е „целосно онеспособен“, додавајќи дека нема жртви меѓу работниците кои биле на смена за време на нападот.
Компанијата соопшти дека денес е „црн ден“ во историјата на украинското електростопанство, додавајќи дека сите работници се „во голема болка“. Андреј Гота, претседател на надзорниот одбор, кажа: „Размерот на уништувањето е застрашувачки“.
‼️🇷🇺💥🇺🇦 JUST IN: Tripolskaya Thermal Power Plant in Kiev region after #Russian strikes this morning. #Ukraine pic.twitter.com/07i1s90jRw
— Maimunka News (@MaimunkaNews) April 11, 2024
Голем пожар го зафатил погонот со турбини, а пожарникарите се обидуваат да го стават пожарот под контрола, јавува Интерфакс.
Во најмалку пет украински региони се оштетени трафостаници и други електроенергетски погоди, а најмалку 200.000 луѓе во Харковската област останале без електрична енергија.
Руското министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта се погодени нафтени, гасни и електроенергетски објекти во „масовни напади“ во Украина. Москва кажа дека во нападите користела високопрецизно оружје со долг дострел и дронови.
„Како резултат на тоа, нарушена е работата на претпријатијата на украинската воена индустрија, оневозможено е префрлање резерви во борбените подрачја, и снабдувањето со гориво на единиците на оружените сили на Украина е отежнато“, се наведува во соопштението на руското министерство за одбрана.