вторник, 22 октомври 2024

Во гевгелиско пронајдени стари и неексплодирани гранати

Кај селото Моин, гевгелиско, во близина на границата со Грција, вчера биле пронајдени стари неексплодирани гранати, информираа денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Според информацијата, веднаш бил известен пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗР) Струмица, кој безбедно ги отстранил неексплодираните гранати.

Од ЦУК апелираат до граѓаните кога ќе најдат неескподирани гранати од минатите војни да не ги фаќаат и поместуваат, туку да се јават на 112 во ЦУК за нивно безбедно неутрализирање според стандардни оперативни постапки. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ