петок, 18 октомври 2024

Во Газа од почетокот на октомври не влегол ниту еден камион со храна

Во Газа од почетокот на октомври не влегол ниту еден камион со храна, што доведува во опасност од гладување милион луѓе, соопшти денес Светската програма за храна.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во август 700 камиони со храна влегле во северна Газа, во септември само 400, откако комерцијалните операции без прекинати на преминот Аленби на границата меѓу окупираниот Западен брег и Јордан, а ниту еден не влегол во газа во октомври.

„Гладот и понатаму расте и ако приливот на помош не продолжи, милион загрозени луѓе ќе бидат животно загрозени“, наведе Светската програма за храна.

Во меѓувреме, двете најголеми пекари во централна Газа се затворени, потврдиле за Си-ен-ен работници кои работеле во нив.

Тие истакнале дека пекарите Ал Бана и Задна во Деир ал Балах, кои со брашно и гориво ги снабдува Светската програма за храна, биле приморани да ја прекинат работата бидејќи залихите се потрошени.

„Ја сум глава на шестчлено семејство. Оној ден кога работам, можам да го прехранам моето семејство, а кога не работам не јадеме“, кажал вработениот во пекарата Ал Бана Ахмед Абед.

Директорот на палестинската мрежа невладини организации Ахмад ал Шава кажал дека резервите на брашно се потрошени, што довело до затворање на пекарите кои произведуваат леб како дел од хуманитарната помош.

Лебот е основната и речиси единствена храна на Палестинците и стана клучна намирница откако почна израелската војна пред повеќе од една година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ