среда, 12 февруари 2025

Во декември 2024 се градело помалку од истиот период во 2023

Државниот завод за статистика денеска излезе со податоци дека во декември биле издадени 287 одобренија за градење, што е за два процента помалку во однос на истиот месец лани.

Објавено на

часот

Сподели

Предвидената вредност на објектите изнесува 4.954.058 илјади денари (околу 5 милијарди денари) што е за 22,6 проценти помалку во однос на истиот период минатата година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 175 се наменети за објекти од високоградба, 48 за објекти од нискоградба и 64 за објекти за реконструкција. Предвидена е изградба на 705 станови, со вкупна корисна површина од 59 557 м2.

Физички лица како инвеститори се јавуваат кај 157 објекти, а кај 130 објекти инвеститори се правни субјекти.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ