Дел од медиумите на албански јазик ја пренесуваа прес–конференцијата во живо. Минситерот Меџити ја прочита официјалната информација подготвена за настанот и на албански и на македонски јазик.
„На пациентите им се овозможуваат услови наликуваат на големите медицински центри низ Европа. Тетовската болница добива два комплетно опремени и реновирани оддели за гинекологија и неонатологија и една комплетно опремена и реновирана амбуланта. Политиките кои ги креираме се за натамошно унапредување на состојбата на здравствениот систем. После 20 години Клиниката во Тетово ќе ги прима пациентите во реновирани простории опремени со сите потребни други придружни и санитетски простории за соодветено сместување и болничко секојдневие на пациентите“, изјави Фатмир Меџити.