четврток, 10 октомври 2024
Рајко Пеколски

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Во бестрага

Веќе одамна вели поетот –

во бестрага тргнал светот

а со него и ние сите до еден

згора карта да си купи мора секој беден

возот за апокалипсата на време да го фати

оти огнот пеколен треба добро да се плати

чунки изработка е тоа од најдобар квалитет

вистински увозен странски раритет –

ако сакате да знаете како им оди на банките

погледнете ги добро под око странките

бразди по врат и чело под прстите кал

во кондиција значи е странскиот капитал

 

Но сега тишина: капиталот треба да се концентрира

ниту еден жолт елек да не го изнервира

со возот е неопходно внимателно да се маневрира

оти патот до бестрага не е лесен

најпрв стига таму оној што е чесен

патниците се сите во вагоните свои

наместо кондуктер политичката коректност ги строи

пред возот најпосле да тргне смело

поведувајќи го во бестрага човештвото цело

 

Највесело и најсигурно е во демократските кабини

патниците имаат држачи за незгодни кривини –

се случи ли рецесија или инфлација

одма се фаќаат за руска дезинформација

само Слободата се испостави дека билет нема

политичката коректност за гуша ја зема:

„во листава нема патник со тоа име и слика

ти сепак Говор на Омраза ќе да се викаш!“

и трас – ја исфрли од демократскиот вагон

на бетонот тврд од популистичкиот перон.

А во демократските вагони и ова е појава честа:

Заради удобност Вистината и Лажните вести менат места

да се разговара може таму за сѐ и сешто

да се толкува Хајдегер и да се оспори секое нешто

слободата на говорот тоа го гарантира

и секој може за сенешто да протестира

освен за тоа кој е и како се вика

и за слободниот пазар што рака в џеб му пика –

Протагора и Декарт се нивната вера

веќе одамна на човекот му ја зедоа секоја мера

„плаќам, значи постојам“ е основната девиза

гаранција за слобода и за финансиска криза!

 

Секако дека патниците и да се разонодат мора

до бестрага долг е патот, а композицијата спора

колор-телевизорите веќе одамна се гола вода

колор-револуции сега се најнова мода

програма скроена за долг и мирен сон

особено популарна во невладиниот вагон –

хипстери и грантери го фураат најновиот спин

да се мрази сопствениот народ сега е „ин“

во овој вагон се плука по секоја идеја и традиција

освен ако не е одобрена од Соросовата милиција.

 

Сепак меѓу вагоните им се војва сомнителна младеж

на диво влезена – во тој воз сал таа влева надеж

анархисти, нихилисти и надреалисти

осамени и во душата сеуште чисти

се караат околу возниот ред:

анархистот младич слаб и блед

„слободата е крајната станица!“ вели

„кон која овој воз мора да цели!“

нихилистот тогаш возниот ред го зема:

„таква станица немало и ќе нема!“

Се вмешува тогаш надреалистот

„темата ви е мачна, да го свртиме листот

од овој воз и онака никој жив нема да слезе

затоа сѐ што ни преостанува е ракија и мезе!“

 

И тргнаа кон авторитарните вагони

секој во свое ќоше си се склони

таму се служи ракија и вотка

и јазикот меѓу непцата се мотка

започнува некои чудни разговори

се обидува да проникне во светски заговори:

„А што ако светот во бестрага тргнал со ракета

ко оној Џеф Безос меѓу ѕвездите се шета

или ко Бил Гејтс со јахта полна шампањско плови

и место риби нас луѓето до последни нѐ лови?

Или можеби светов наш е права словенска душа

па нашиве глупости и маки веќе не може да ги слуша

и ко јунак од расказите на Чехов тажен

решил да го прекрати овој живот лажен?

Дали работава може да ја спаси комунистичка револуција

дали поезијата на теророт е единствена солуција

ќе го издржи ли тоа нашата конституција?“

Се покажа сепак дека решението е проституција:

во сите вагони нагонот е трансцендентален

за месо или за моќ – мотивот е веќе банален

и најпосле, крајот на светот е премногу декадентен –

ако Создателот го нема или не е баш беневолентен

(а за тоа залудно и лицемерно е да се спекулира)

сѐ што останува е велелепно да се крахира!

 

Рајко Пеколски

КОЛУМНИ

Ристо Цицонков

Базна електрична енергија да, ама не со слаб кадар и неприменети...

Далибор Ступар

Што се случи со Зелената агенда во Србија?

Ричард Н. Хас

Поуките и наследството од 7 октомври

Различни перспективи за типот на мултиполаризација

Весна Попоска

Целта (не секогаш) ги оправдува средствата

Стефан Митиќ

Како малите промени можат да направат голема разлика

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ