Во акција што се случува од утрово уапсени се повеќе полицајци, најверојатно поврзани со последните случувања во затворот во Идризово каде мината недела во гоелма полициска акција беа пронајдени, како што известија од затворот, поголема количина недозволени предмети.
Како што дознава МКД.мк дел од уапсените полицајци веќе се однесени во Основниот кривиечн суд Скопје каде што ќе треба да дадат исказ пред судија на претходна постапка.
Засега ниту Јавното обвинителство ниту МВР не излегуваат со информации ниту со детали за оваа акицја.