сабота, 27 јули 2024

Завршија претресите во затворот во Идризово, најдени се недозволени предмети

„Поголема кличина на недозволени предмети се откриени при претресите што утрово беа извршени во Казнено поправната установа Идризово со цел обезбедување доказни материјали“, информира за МИА директорот на КПУ Идризово, Зоран Јовановски.

Објавено на

часот

Сподели

Тој нагласи дека веќе се завршени претресите.

„Во акција координирана од Основното јавно обвинителство Скопје, поради сомневања за кривично-правни дејствија, утрово се извршени претреси во КПУ Идризово – Скопје со цел обезбедување доказен материјал“, информира денес ОЈО Скопје.

Министерството за внатрешни работи извести дека денеска (11.04.2024) под координација на ОЈО Скопје и по барање на КПУ Идризово, даде асистенција на затворот во вршење на претреси на повеќе простории со цел обезбедување доказен материјал поради сомневања за кривично правни дејствија.

Претресите се завршени и сите активности поминаа без никакви проблеми.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ