петок, 27 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС сѐ е „како и до сега“

Заев го избра Филипче за да ги стави под закрила и под тепих сите криминали кои ги направи изминатите години. Заев го избра Венко Филипче за да му чува место во партија, за да може слободно да му течат бизнисите и зделките дури и по цена на слабеење на партијата и продлабочување на распадот на партијата, до ниво на самоуништување, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„Заев го избра Филипче и за да ја избегне одговорноста за сите скандали афери и криминални дејствија во изминатите 7 години, за да може кланот Заеви слободно да продолжи да функционира.

Во СДС ништо не се менува, во СДС сѐ е ‘како и до сега’. И додека Филипче се обидува да наметне авторитет и да се факторизира со непознати личности за јавноста во ‘новото’ раководство и личности кои се на клучни позиции, а немаат ниту ден партиски стаж, во позадина се всушност верните слуги на Заев.

Филипче неврохирургот и потрчко на Заев не се дистанцира од Заев, а со тоа не се дистанцира и со политичката траекторија која ја исцрта Заев, а ја донесе Македонија на дното и економски и политички. Со тоа Филипче не се дистанцира од предавствата, аферите, скандалите и криминалите како тие во РЕК Битола и ЕСМ.

СДС е во идеолошка криза, а тимот на Филипче е континуитет на политиките на Заев и за тоа се свесни и членовите на СДС, а очигледно е со кадровската криза и проблемите со екипирањето во СДС.

Под превезот нови лица кои ги продаваат за јавноста, а кои не ги познава партиската структура и членовите, Заев и Филипче го користат НВО секторот како инструмент за продолжување на скриените агенди, а всушност се нивни блиски соработници уште од шарената револуција и нивни верни слуги“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ