недела, 21 јули 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Сега е време идната влада да направи нешто за народот

Граѓаните на изборите јасно и недвосмислено дадоа поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, на промените и на реформите. Сега е време идната влада да направи нешто за народот. Сега е време на големи чекори напред, велат од ВМРО-ДПМНЕ во денешното партиско соопштение.

Објавено на

часот

Сподели

Идната влада ќе се соочи со девастиран систем, со распад на институциите и катастрофална состојба во економска смисла. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе направи уште поголеми услилби од самиот почеток да покаже дека ќе работи посветено, чесно и одговорно за да се одговори на потребите и барањата на граѓаните, велат од партијата.

„Оваа влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја направи разликата со претходната власт на СДС и ДУИ уште веднаш. Наместо неуспеси и порази, ќе понуди концепт на економски развој и ресетирање на државата. Следи нова инвестиција од 400 милиони евра, потоа многу капитални инвестиции, инвестиции во информатичката технологија, конкурентен и силен приватен сектор кој ќе работи во поволна и предвидлива економска клима, нови работни места, стабилен економски раст, инфраструктурни проекти  во висина од над 2 милијарди евра во време на мандатот, 1 милијарда евра поддршка за општините, проекти во образованието, здравството и земјоделието. Сите тие дела ќе бидат производ на многу работа и посветеност“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму ветуваат „бескрупулозна битка со криминалот и корупцијата и никој од тоа нема да биде поштеден“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ