петок, 27 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ најави дека денеска ќе биде поднесена интерпелацијата за Талат Џафери

Објавено на

часот

Сподели

„Откако Џафери е избран за претседател на Собранието, сѐ почесто сме сведоци на скандали во неговото работење. Последен во низата беше скандалот кога пратениците на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Обнова на Македонија беа заклучени во салата во која се одржуваше пленарната седница. Во храмот на македонската демократија во македонското собрание на опозициските пратеници им беше ускратено загарантираното право на слобода и движење“, изјави вчера Дафина Стојаноска, членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Со оваа оценка за работата на Џафери се согласуваат и пратениците од Беса. И тие велат дека тој „нема кредибилитет за да ја врши својата должност“. И оваа партија смета дека единствен излез од оваа ситуација во која се најде Македонија се предвремениоте парламентарни избори. И Левица е за интерпелацијата за Џафери.

Пратениците на СДСМ сметаат дека сето ова е еден невиден полициски циркус и вештачко предизвикување на скандали. Со нив се согласни и пратениците на ЛДП кои велат дека е ова непотребен дефокус од реалните проблеми.

Од кабинетот на Џафери велат дека тој не го прекршил Деловникот со образложение дека Деловникот дозволува можност за затворање на вратите на салата, на барање на претседателот на Собранието или на еден пратеник, поддржан од најмалку десет пратеници. Тие ја обвинија опозицијата дека се обидува да создаде хаос во законодавниот дом.

ДС и ДОМ засега не се изјаснуваат за иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ. 

Алијанса за Албанците за денеска најави конференција за медиумите.

Џафери ќе има рок од 15 дена од доставувањето на интерпелација да достави одговор, по што оваа точка треба да биде ставена на дневен ред пред пратениците 15 дена подоцна. Расправата трае еден работен ден, се до исцрпување на листата пријавени пратеници за збор, а најдоцна до полноќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ