„Последните информации кои што ги добивам, а еве го повикувам и МВР и надлежните да се произнесат е дека се издадени милион и 200 илјади патни исправи до овој момент. И остануваат некаде околу милион и 300 илјади патни исправи кои што треба да се заменат. Од тие милион и 300 илјади кои што се преостанати само за сликање ако се земе во предвид дека дневно има 4.000 барања потребни се најмалку година дена. Така што е невозможно тоа да се стигне во февруари“, рече Мицкоски од Вевчани.
Мицкоски додаде дека нова набавка на обрасци нема и дека новите ќе стигнат во месец март.
„Во понеделник ќе поднесеме претставка пред Уставниот суд за ставање вон сила на Законот за патни исправи Доколку Уставниот суд сака да ја реши работата може веднаш да свика седница и да разговара по претставката која што ќе ја поднесеме и да ја стави вон сила законската уредба. Но, тоа е сепак одлука на Уставниот суд, не би сакал да се мешам во работата. Ако се сака да им се помогне на граѓаните има начин како може да се помогне“, рече Мицкоски.