вторник, 22 октомври 2024

ВМРО-ДПМНЕ го поднесе законскиот предлог на Достоинство за бранителите, очекуваат широка поддршка

Објавено на

часот

Сподели

„Голема благодарност до пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ која вчера и официјално даде подршка на иницијативата на Достоинство со надеж дека нашиот предлог закон, со кој може да се исправи 22 – годишната неправда кон се уште необесштетените воени инвалиди и семејства на загинати бранители, ќе добие подршка и од пратеничката група на СДСМ како и од двајцата пратеници на Левица и пратеникот Павле Трајанов. Убаво би било и ние Македонците да покажеме сплотеност барем за ова прашање, а не гледам причини зошто подршка не би дале и пратениците од албанскиот политички врв“, изјави Ангелов.

Драган Ковачки, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ преку социјалните мрежи објави дека вчера во Собранието неговата пратеничка група го поднесе законскиот предлог изработен од Достоинство, коалициски партнер на СДСМ,  и нагласи дека не е променета ниту запирка. Тој изрази очекување дека ќе се успее „да се исправи историската  неправда за која сите носиме товар и одговорност“.

д

„Станува збор за обештетување на семејствата на загинатите кои до ден денешен не се обештетени и талкаат по Судските лавиринти, како и за обештетување на воените инвалиди кои исто така до ден денешен не се обештетени. Бараме од политичките партии од овој предлог да не правиме политика, туку да покажеме разум, чувство и зрелост. Бараме заеднички, со консензус да ги изгласаме измените и да се обидеме да им ја ублажиме голготата на луѓето за која тие немаат никаква вина“, изјави Ковачки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ