„Треба добро да се прочешла имотот на дежурните судии кои се на телефонски повик на штабовите на Бихаќка и Мала Речица. Сијамските близнаци, како судиите Илија Трпков и Добрила Кацарска, кои судеа над 200 години во 27 април, треба да се провери дали и каква корист и бенефит имаа од политичките процеси кои ги водеа.
Треба да се провери кои судии пораснаа енормно со својот капитал и наместо око на правдата во Македонија, станаа око на криминалот во државата. Дополнително, треба да се повика и на одговорност и Љупчо Коцевски каде мистериозно пропушти да реагира во безброј случаи на очигледен криминал.
Жално е што СДС и ДУИ не најдоа за сходно ниту еднаш да ги поддржат реформите во правосудството во државата. Тоа покажува дека сите се потонати во истиот криминал. Одговорност мора да има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.