петок, 18 октомври 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска е криминална до коска, веднаш да поднесе оставка

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во текот вечерта и доцна во ноќта екипи формирани од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ со екипи и механизација од градови од внатрешноста помогнаа значаен дел од ѓубрето наталожено со денови да се исчисти од улиците. Но неспособноста и примитивизмот на Арсовска немаат граница, а тоа се виде кога нејзиниот директор во ЈП Дрисла одбиваше да го прими ѓубрето однесено со камиони. Фрустрациите на Арсовска веројатно одат до таму, што не само е неспособна, туку неможе да се носи со фактот што градочалниците од ВМРО-ДПМНЕ кои управуваат со далеку помали системи на локална организација успеаја да го решат проблемот кој таа го создаде.За фрустрациите и другите состојби на Арсовска ѝ порачуваме, дека не можеме да ѝ помогнеме, за тоа има други институции, но за Скопје е најдобро да си даде оставка, и тоа што побрзо“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ