недела, 29 декември 2024

Владината седница почна со едноминутно молчење за почит за жртвите во Србија

Објавено на

часот

Сподели

На владината седницата надлежните министерства информираа за активностите што се преземаат во нашата држава, во делот на превенција во училиштата, како и на државно ниво, за заштита од каков било вид насилство.

Од страна на Министерството за внатрешни работи е информирано дека во континуитет се преземаат активности во делот на превенцијата и дека се применуваат протоколите за безбедносна проверка за влез и излез на учениците во училиштата и околината од училиштата. Ваквите протоколи кои се активирани по лажните дојави за бомби, сега ќе бидат засилени со дополнителни активности од страна на МВР.

Од страна на Министерството за образование и наука е информирано дека се изготвува прирачник за училиштата за постапување по однос на превенција од врсничко насилство и други видови насилство, како и дека се работи и на зајакнување на стручните психолошко – педагошки служби, таму каде има потреба.

Разгледани се можностите за одржување средби помеѓу задолжени екипи на МВР и педагозите и психолозите во училиштата, според предвидена динамика, со цел да се придонесе во пријавувањето евентуално врсничко насилство, или други видови проблеми од надлежност на министерствата за внатрешни работи и за образование и наука.

На владината седница задолжени се Министерството за образование и наука и Министерството за внатрешни работи да изготват Стратегија за превентивни активности, со чекори на државно ниво по којашто ќе бидат задолжени да постапуваат сите училишта, со цел рана превенција и заштита од несакани инциденти во училиштата и надвор од нив.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ