вторник, 14 јануари 2025

Украина тврди дека погодила складиште за дронови во Русија

Украина денеска соопшти дека погодила објект за складирање и одржување на беспилотните „дронови камиказе“ со долг дострел Шахед во рускиот Орловски регион, додавајќи дека „значително ја намалила“ способноста на Русија да извршува масовни напади со дронови на Украина.

Илустрација: Википедија

Објавено на

часот

Сподели

Главниот штаб на украинските вооружени сили преку соопштение на комуникациската платформа Телеграм објави дека нападот во четвртокот го извршиле украинските воздухопловни сили.

„Како резултат на нападот, уништен е објект за складирање, одржување и поправка на дронови Шахед камиказе, составен од неколку заштитени бетонски конструкции“, соопштија од штабот. „Оваа воена операција значително го намали потенцијалот на непријателот да изврши воздушни напади со беспилотни летала против украинската цивилна инфраструктура“.

Москва не го коментираше нападот. За време на својата 34-месечна инвазија, Русија редовно извршува ракетни напади и напади со дронови врз Украина.

Во изминатите неколку месеци, Москва речиси секојдневно испраќа беспилотни летала во Украина со надеж дека ќе ја оштети нејзината инфраструктура и ќе ја ослабне нејзината противвоздушна одбрана до точка што тие нема да можат да пресретнуваат и соборуваат ракети.

Украинските воздухопловни сили соопштија претходно денеска дека собориле 15 од 16 руски дронови во текот на ноќта, а преостанатиот исчезнал од радарот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ