На 47-та тематска седница, фокусот беше ставен на програмите за работа на министерствата, агенциите и јавните претпријатија. Усвоени се важни мерки, како што се програмата за поддршка на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на малите и средните претпријатија, за која се предвидени над 42 милиони денари.
Овие средства, додаваат од Владата, ќе се насочат кон иницијативи како што се претприемачко образование и поддршка на женското претприемништво.
Дополнително, Владата ја усвои Националната програма за развој на железничката инфраструктура за периодот 2025-2029 година, која ќе донесе подобрувања во товарниот и патничкиот железнички сообраќај. Исто така, беа разгледани и програмите за заштита на животната средина, рамномерен регионален развој, како и поддршка за спортот и спортските субвенции.
На 48-та редовна седница, Владата ја усвои информацијата за воведување на нов семејно-ориентиран систем за рана интервенција кај деца од 0 до 6 години со доцнење во развојот и/или попреченост. Овој систем ќе биде во надлежност на Министерството за здравство, Министерството за социјална политика, демографија и млади и Министерството за образование и наука. Грижата за децата, велат е нивен врвен приоритет.
Дополнително, Владата продолжува со поддршката за општините. Министерството за локална самоуправа следната недела ќе го објави вториот повик за финансирање на инфраструктурни проекти во вредност до 15 милијарди денари. Ова значи нов градежен бум и развој на сите региони во државата, со инвестиции во културата, спортот, животната средина, патната инфраструктура, социјалната политика и образованието.