Како што рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши, месечно трошокот изнесувал околу 500 000 евра, но детали во врска со ова и со трошоците за струја за комуналните претпријатија, водостопанствата и училиштата, оваа недела ќе соопшти директорот на ЕСМ Васко Ковачевски.
„Согласно првичните податоци, како разлика, просечно е потрошено околу 500 000 евра месечно, но детално ќе соопшти ЕСМ. Мерката траела околу три месеци што значи околу 1,5 милион евра се трошоците за субвенцинирање на струјата за компаниите кои произведуваат храна во државата. Оваа недела директорот на ЕСМ Васко Ковачевски на прес-конференција ќе каже како е менаџирана кризата и колкави се трошоците направени од државниот буџет како мерки донесени од владата“, рече Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања откако претходно информираше за најновите замрзнувања на цените на дел од овошјето и зеленчукот.