недела, 23 февруари 2025

Владата потпиша договор за аеропрочистувачи, ќе бидат донирани во болници, градинки, училишта,…

Владата денеска потпиша Договор со компанијата  ЕКОТИП ДООЕЛ Скопје за донација на 255 уреди за прочистување за чист воздух во вредност од еден милион евра.

Објавено на

часот

Сподели

Како што беше истакнато на церемонијата на потпишување, предвидено е овие уреди да бидат распределени во болници, градинки, училишта и други јавни установи, каде квалитетот на воздухот е од клучно значење.

Компанијата ЕКОТИП Македонија е лидер во областа на аерофилтрацијата, а во соработка со MANN+HUMMEL, обезбеди значајна донација од напредни системи од овој реномиран германски производител за прочистување на воздухот во вредност од милион евра.

Договорот за аеропрочистувачите го потпишаа владиниот генерален секретар, Игор Јанушев и менаџментот на компанијата.

„Вложувањата во квалитетот на живот и здравјето за граѓаните се наш приоритет. Мене ми претставува особена чест и задоволство што денес во име на Владата имам можност да ја презентирам пред вас оваа вест.
Денес и формално, Владата потпиша договор за донација на 255 системи за филтрација на воздух со ЕКОТИП ДООЕЛ Скопје, компанија лидер во областа на филтрација на воздухот во вредност од 1.000.000 евра. Овие уреди, кои ги донира ЕКОТИП ДООЕЛ Скопје, како долгогодишен партнер на реномираниот германски производител MANN & HUMMEL ќе бидат распределени во градинки, училишта, болници и други критични јавни установи, каде што квалитетот на воздухот е од клучно значење.
Загадувањето на воздухот останува еден од најсериозните еколошки и здравствени предизвици во Македонија. Во контекст на напорите на Владата во преземањето значајни мерки за намалувањето на загадувањето на воздухот преку капитални проекти, како Влада активно работиме на долгорочни стратегии и решенија за намалување на загадувањето, преку инвестиции во одржливи енергетски решенија, зголемена контрола на емисиите и поддршка на зелени технологии. Сепак, додека спроведувањето на овие мерки бара време, ваквите брзи и ефикасни донации од приватниот сектор се од суштинско значење за заштита пред се на здравјето на граѓаните.
Сепак, успехот во оваа област зависи од заедничките напори на сите сектори. Затоа како Влада особено го истакнуваме значајниот придонес на приватниот сектор, како што е оваа донација од 255 системи за филтрација на воздухот во вредност од 1 милион евра“, истакна портпаролката на Владата, Марија Митева.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ