На вчерашната владина седница донесена е и одлука за почнување на постапка за отпвикување на девет актуелни амбасадори. Меѓу нив се амбасадорката во Бугарија, Агнеза Руси-Поповска, во Црна Гора, Зеќир Рамчиловиќ, во Белгија – Методија Белевски, амбасадорката и постојана претставничка на Македонија при Советот на Европа, Светлана Гелевева, како и амбасадорот и шеф на Постојаната мисија при Меѓународните организации, Пајо Авировиќ.
На оваа листа се и амбасадорите во Босна и Херцеговина – Јакуп Реџепи, во Чешка – Емил Крстевски, во Шведска – Џенк Сејфула,како и Катерина Ставреска, амбасадор во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.