недела, 9 февруари 2025

Магла од село Гајре до Попова Шапка

Намалена видливост поради појава на магла од 20 до 30 метри има на патот од село Гајре до Попова Шапка, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Слаб дожд врне во југозападниот дел од земјава.

Објавено на

часот

Сподели

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ