среда, 23 октомври 2024
Филмските студија на светската филмска ѕвезда сѐ уште под знак прашалник

Владата нема да носи одлука додека нема оценка за инвестициите на Џон Малкович, вели премиерот

Објавено на

часот

Сподели

Тој напомена дека стратешките инвестиции се гледаат од повеќе аспекти и се оценува дали се согласно стандардите наведени во Законот за стратешки инвестиции.

„Стратешките инвестиции се гледаат од повеќе аспекти, од аспект на тоа дали инвеститорот има обезбедено простор, начинот на финансирање, што ќе прави на тој простор, дали планира во овој случај да прави филмски студија или станбен простор. Кога сето тоа ќе се разгледа и доколку работната група оцени согласно стандардите наведени во Законот за стратешки инвестиции дека тоа е добар проект, тогаш се поднесува до Владата, рече Ковачевски, кој присуствуваше на поставување камен темелник на новиот објект на Полициската станица од општа надлежност Аеродром.

Пред три дена на прес-конференцијата на Малкович по повод неговото гостување на Охридско лето, од ПР службата на фестивалот не му беше дозволено да одговори на новинарско прашање до каде е таканаречениот „филмски град“ кој Малкович лани го најави дека ќе се гради во Скопје.

Овој потфат не е само за изградба на филмско студио. Претставува конвергенција на уметноста, креативноста и економскиот раст, рече американскиот актер Џон Малкович кој денеска пред домашните медиуми во Скопје делумно ја појасни објавата од пред речиси една година за изградба на филмски студија во Скопје, пишува денеска Војс оф Америка (ВОА).

Малкович го именува проектот СТП (Стоун Бриџ Студиос) и рече дека истиот ќе помогне за развој на домашната економија, но и за ставање на земјава на мапата на светската филмска индустрија.

„Сите ја споделуваме визијата за поставување на Северна Македонија на глобалната сцена на филмската и музичката индустрија, покажувајќи ја нејзината убавина, нејзиниот талент и нејзиниот потенцијал“, рече Малкович, во чија чест денеска во Скопје се организира вечера со лица од домашниот бизнис и од политиката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ