сабота, 19 октомври 2024

Владата на Србија донесе низа мерки, мораториум за издавање дозволи за оружје, измени во кривичниот законик

Објавено на

часот

Сподели

Една од нив е двегодишен мораториум за издавање дозволи за чување и носење оружје, како и преглед на сите издадени дозволи за чување оружје во рок од три месеци.

Меѓу усвоените мерки е и контрола на начинот на чување на оружјето – дали оружјето се чува одвоено од муницијата и дали е спречен пристапот до оружјето за малолетници – во рок од шест месеци да заврши контролата.

Контролата на сите стрелишта на територијата на Република Србија да заврши во рок од три месеци, во рок од еден месец да се подготват прописите за условите и начинот на користење на стрелиштата, вклучително и забранет пристап за малолетници.

На Министерството за правда му се наложува во рамките на постојната Работна група за измени на Кривичниот законик да подготви измени на законот со кои ќе се пропише кривична одговорност за лицата кои овозможуваат малолетници и други неовластени лица да набават огнено оружје и кои обучуваат малолетници и други неовластени лица да ракуваат со огнено оружје.

Исто така, се предлага Министерството за правда да ја разгледа можноста за измена на Кривичниот законик со цел намалување на старосната граница за кривична одговорност на малолетните лица од 14 на 12 години, притоа почитувајќи ги меѓународните и европските стандарди.

Наложено е Министерството за образование и Министерството за здравство во соработка, во рок од еден месец, да подготват прописи со кои ќе се овозможи воведување на задолжителни тестови за наркотици во средните и основните училишта за учениците од седмо и осмо одделение.

Владата во рок од 10 дена ќе формира Совет за спречување на врсничко насилство, кој меѓу другото ќе обезбеди организирање на мобилни тимови за врсничко насилство преку протоколи помеѓу центрите за социјална работа и други служби (образовни и здравствени установи, полиција) кои итно би реагирале на случаите на врсничко насилство и во консултација со синдикатите на воспитно-образовните работници и здруженијата на родители на ученици да се разгледа целисходноста од донесување мерка за забрана на употребата на мобилни телефони во училиштата.

Се наложува Министерството за правда и Министерството за информации и телекомуникации во соработка, во рок од еден месец, да ја разгледаат можноста за заострување на санкциите за непочитување на пропишаните обврски на давателите на медиумски услуги, вклучително и интернетот и другите електронски платформи, како и социјалните мрежи, во однос на забраната на програмски содржини кои истакнуваат и поддржуваат насилство, криминално и друго недозволено однесување, емитување сцени на брутално насилство и други содржини кои можат сериозно да му наштетат на физичкиот, психичкиот или моралниот развој на малолетниците.

Како што беше речено, во рок од десет дена Владата ќе формира Работна група за безбедноста на децата на интернет, која ќе го разгледа воведувањето мерки за забрана на пристап до веб-страниците (Даркнет и сл.) кои содржат совети како да се изврши убиство, набавка на дрога или огнено оружје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ