петок, 8 ноември 2024

Владата ќе финансира инфраструктурни проекти во 31 општина и градинки во пет скопски општини

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска во Владата ги потпиша договорите за финанисирање на инфраструктурни проекти во вкупно 31 општина, додека министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска потпиша договори со пет скопски општини за зголемување на капацитетот на градинките. Вкупно, Владата ќе финансира 66 проекти во вкупно 44 општини.

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за транспорт и врски со одлука на Владата, од буџетот одвои над 1 милијарда денари, односно преку 17 милиони евра за реализација на проекти во општините: Битола, Берово, Богданци, Боговиње, Врапчиште, Гостивар, Дебар, Делчево, Дојран, Демир Капија, Желино, Илинден, Јегуновце, Карпош, Кичево, Кривогаштани, Крушево, Маврово и Ростуше, Македонски Брод, Пехчево, Пробиштип, Росоман, Свети Николе, Сарај, Град Скопје, Старо Нагоричане, Струмица, Теарце, Општина Центар, Чашка и Крива Паланка.

д

Станува збор средства кои се наменети за изградба и реконструкции на улици, патишта, мостови и други проекти со кои општините ќе го подобрат урбаниот развој.

Согласно одлука донесена на Владата, Министерството за труд и социјална политика потпиша 5 договори за меѓусебно регулирање на правата и обврските во однос на реализација на средства од капитални дотации. Министерството потпиша договори со Општина Бутел, Општина Кисела Вода, Општина Ѓорче Петров, Општина Аеродром, и Општина Карпош. Станува збор за зголемување на капацитетите на градинките преку буџетот на Министерството за труд и социјална политика во износ од 4 милиони евра.

д

Премиерот Димитар Ковачевски рече дека денеска беа потпишани договори со 44 општини за реализација на 66 конкретни проекти од локален интерес. За реализација на проектите е обезбедена финансиска поддршка од 32,5 милиони евра, од буџетите на шесте министерства и една агенција. Односно од  министерствата за здравство,  образование и наука, труд и социјална политика, култура, транспорт и врски, животна средна и просторно планирање и Агенцијата за млади и спорт. 

„Поддршката за развој на општините е континуирана и доказ за тоа е и денешниот настан кој се случува верувам прв пат во историјата на државата, меѓутоа се надевам дека нема да биде и последен пат“, рече премиерот. и наведе кои се проекти во кои од општините и преку кои министерства ќе се финансираат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ