среда, 23 октомври 2024

Владата ги усвои стратегиите за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот

Објавено на

часот

Сподели

Координацијата за изработката на стратешките документи беше водена од страна на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борбата против тероризмот.

„Имајќи во предвид дека насилниот екстремизам и тероризмот се комплексни безбедносни проблеми кој не препознаваат граници, култури, религии или етнички групи, феномени кој не засегаат сите нас и е потребен широк општествен и интегриран одговор, Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам  во подготовката на стратегиите вклучи различни општествени чинители. Активна улога зедоа претставници на државните институции, верските заедници, академската заедница, граѓанскиот сектор и медиумите. Главниот фокус е ставен на спречувањето на радикализацијата која води кон тероризам, јакнење на институционалните капацитети за борба против овие појави, во контекст на безбедноста, стабилноста и просперитетот на државата и граѓаните почитувајќи ги основните човекови права и слободи, пропишани во домашното и меѓународното право“, соопштија од Владата.

Оттаму велат дека текстовите на двете национални стратегии и акциски планови се целосно усогласени со стратегијата за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам на Организацијата на обединетите нации и европските стандарди за изработка на ваков тип на документи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ