Владата на денешната седница ја разгледа Информацијата за обврската за намалување на процентот на електронски аукции во јавните набавки за годинава до најмногу 40% од бројот на објавените постапки. На сите органи на државната им се препорача да преземат мерки за намалување на бројот на електронски аукции во јавните набавки.
Владата денеска го утврди и го достави до Собранието полугодишниот законодавен преглед со предлози на закони и други акти по кои одлучува Собранието. Овој преглед вклучува 60 законски решенија произлезени од Програмата за работа на Владата, соопшти Секторот за односи со јавноста на Владата.