„Нашата стратегија е базирана на користењето квалитетни суровини за производство и обезбедување врвен квалитет на сите производи. Покрај јаболката, и понатаму ќе се стремиме да преработуваме овошје и зеленчук од македонско поднебје, како што се капини, малини, вишни, праски и домати”, истакнуваат од Вива.
Од 2017 година, Вива располага со сопствени преработувачки капацитети за овошје и зеленчук, овозможувајќи целосен процес на производство, од откуп и преработка на свежи плодови, до финален производ. Во текот на производството, овошјето внимателно се селектира и преработува со користење на најмодерна технологија, со цел зачувување на сите хранливи својства, како на јаболката, така и на другите видови овошје и зеленчук. Дополнително, производите поминуваат низ строга контрола на квалитетот во современа хемиска и микробиолошка лабораторија пред да бидат пуштени во продажба.
Преработеното овошје наоѓа своја примена во широк спектар производи под брендот Вива, првенствено во производството на висококвалитетни сокови и смутиња. Исто така, компанијата врши продажба на големо и извоз на јаболкова каша и пире за други производители на детска храна, сокови и кондиторски производи.