четврток, 13 февруари 2025

Витамини што го зајакнуваат имунитетот и го забрзуваат слабеењето

Воспалението, губењето на тежината и здравјето на имунолошкиот систем се тесно поврзани. Хроничното воспаление може да го забави метаболизмот, да промовира складирање на маснотии и да ја ослабне имунолошката одбрана. Одредени витамини и хранливи материи можат да помогнат во борбата против воспалението, да поддржат здрав метаболизам и да го зајакнат имунитетот.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Според здравствените експерти има три клучни витамини за намалување на воспалението и поддршка на губење на тежината.

Витаминот Д, познат и како „витамин на сончева светлина“, игра клучна улога во регулирањето на функцијата на имунолошкиот систем, намалување на воспалението и зајакнувањето на метаболизмот. „Витаминот Д помага во одржувањето на хормоналната рамнотежа и го регулира метаболизмот, што го прави неопходен за успешно слабеење“, објаснува експертот за исхрана и слабеење Џоана Вен.

Таа додава дека витаминот Д го спречува воспалението, што може да го отежне слабеењето. Недостатокот на овој витамин може да предизвика зголемено воспаление, што може негативно да влијае на хормоните кои го регулираат апетитот и метаболизмот.

Витамините од групата Б играат клучна улога во метаболичките процеси, а нивниот доволен внес може да му помогне на телото поефикасно да ги разградува јаглехидратите, мастите и протеините. „Витамините од групата Б, како што се Б1 (тиамин), Б2 (рибофлавин), Б3 (ниацин), Б5 (пантотенска киселина), Б6 (пиридоксин) и Б12 (кобаламин), учествуваат во различни метаболички процеси, нивниот недостаток може да го забави метаболизмот и да го отежне регулирањето на телесната тежина“, вели доктор Блен Тесфу.

Нутриционистот Џеси Федер додава дека витамините Б „директно се вклучени во метаболизмот на храната, што може да помогне за побрзо губење на тежината, под услов да ги консумираме во доволни количини“. Иако витамините Б не се магично решение за слабеење, обезбедувањето на нивниот соодветен внес е од суштинско значење за целокупното здравје.

Витаминот Ц е најдобро познат по зајакнувањето на имунитетот, но игра важна улога и во метаболичките процеси. Како моќен антиоксиданс, помага да се намали оксидативниот стрес и воспалението, што може да ја подобри функцијата на метаболизмот и да спречи зголемување на телесната тежина. Покрај тоа, витаминот Ц може да му помогне на телото да ги разгради мастите и да ги претвори во енергија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ